Министерството за култура потпиша договор со консултантската куќа „Грант Торнтон“ за физибилити студија за оправданоста од јавно – приватно партнерство и услуги за посредување во реализацијата на договорот со приватниот партнер за изградба на новиот објект на Драмски театар.
Консултантската куќа за 160 дена треба да ја изработи документацијата, по што ќе се знае дали министерството ќе распише оглас за избор на приватен инвеститор што ќе го гради идното здание на местото на постоечкиот објект. За подготовка на документација ќе бидат исплатени 10.266.000 денари или околу 165 илјади евра од државниот буџет. Во изминативе неколку години, за реализација на новиот Драмски театар беше изработено идејно решение од архитектите Емил Јегени, Елена Икономов, Јасна Милојковиќ и Билјана Стојменовска од студиото „Платформа“, но и основен проект од „Монтимпекс – Инженеринг“ од Скопје.
Идното седиште на Драмски театар треба да биде завршено до крајот на 2015 година. Замислата е постоечката зграда да се сруши и на нејзино место да се изгради објект со висина од 30 метри. Од предвидените шест ката, на театарот ќе му припаднат приземјето и првите два ката, додека останатите простории ќе ги добие приватниот партнер.
Министерството за култура за иста сума неодамна склучи договор со „Грант Торнтон“ за изработка на физибилити студија со која ќе се утврди оправданоста од воспоставувањето на јавно – приватно партнерство и за планираниот нов објект на театарот „Центар“, пренесе Буилд.мк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во понеделник комеморација за Горан Стефановски во Драмски театар
-
Иницијатива Драмски театар да го носи името „Горан Стефановски“
-
Меѓународен научен собир „Културата на распродажба: Консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти“
-
Премира во Драмски на „Прослава“ (Фестен), првата догме – претстава кај нас


