Висок, симпатичен и искусен ракометар, се продава. Контакт тука. Ве молам да не ми се јавуваат екипи што немаат пари. Благодарам.
Ваков пост на профилот на „Твитер“ напиша 27-годишниот шпански ракометар од Атлетико Мадрид, Алберто Вал.
Постот е напишан на шега, но има и доза вистина. Атлетико Мадрид згасна како клуб поради финансиски проблеми, а дел од играчите, меѓу кои и Вал, сѐ уште немаат најдено нов клуб.
А приказната со Вал е интересна бидејќи тој пристигна во Мадрид од Констанца, Романија, непосредно пред стартот на новата сезона и само неколку дена пред пропаѓањето на Атлетико Мадрид.
Од познатите ракометари, Кире Лазаров навреме го напушти бродот што потона и потпиша за Барселона, Јаков Гојун замина во ПСЖ, Агинагалде е нов член на Кјелце, а клуб сѐ уште бара Ивано Балиќ. Секако и Вал, кој на духовит начин си бара егзистенција во ракометот и нова дестинација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



