Со новата законско решение државните органи ќе ги продаваат работи кои не им се потребни преку електронска продажба. Оваа измена ќе почне да се спроведува од почетокот на следната година.
– Новото законско решение ќе се однесува на постапките за продажба на работите кои што ги користат државните органи, во прв ред министерствата, но и сите други буџетски корисници или единки корисници на средства од буџетот, дефинирани како државни органи согласно Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, објасни портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев.
Електронската продажба ќе се одвива преку софтверското решение кое ќе биде воспоставено во Министерството за финансии, односно во Управата за имотно правни работи која и ќе оперира со електронскиот систем. Оваа измена несомнено ќе придонесе за поголема транспарентност, поголема достапност на субјекти до процесите, се намалуваат и трошоците во време и средства, но и се создава нова алатка за борба против корупцијата и се стеснува просторот за самоволно однесување на институциите, додаде портпаролот Ѓорѓиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


