| четврток, 6 декември 2018 |

Нападната романска новинарка од обезбедувањето на Стеауа

Менаџерот на Стеауа, Михаи Стоика, синоќа бил во полициска станица во Скопје за да даде изјава по инцидентот во кој беше повредена новинарката на ТВ „Про“ од Романија, Александра Танасеску.

Стоика со автомобил од хотелот во кој е сместена експедицијата на Стеауа заминал во полициска станица за да се разјасни ситуацијата за време на тренингот на Стеауа, одржан синоќа на арената „Филип Втори“. Танасеску и уште еден нејзин колега беа исфрлени од тренингот, а новинарката се пожали дека била и физички малтретирана.

Според информациите од романските медиуми, Танасеску извадила и лекарска потврда дека претрпела повреди, а при инцидентот и бил одземен телефонот и избришани сите слики и снимки што ги направила за време на расправијата со обезбедувањето на Стеауа. Романците веднаш потоа го затворија тренингот и не дозволија посета ниту за македонските новинари.

Реванш натпреварот се игра вечерва на „Филип Втори“ во 20.45 часот. Стеауа има предност од 3-0 од првиот дуел, што се одигра во Букурешт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top