И Полска ја победи Македонија, со 66-59, на европското првенство за кошаркари до 18 години, Б-дивизија. Како тргнало со неуспеси, тешко ќе ни се остварат апетитите за пробив во повисок ранг на натпревари.
Вчера и Данска беше подобра, па сега Македонија има два порази и една победа над Унгарија, остварена на стартот од натпреварите во Струмица.
Кристијан Николов беше најефикасен во македонскиот табор со 14 поени, еден повеќе од Младеновски кој оствари нов дабл-дабл со 13 поени и 10 скока. Цветковски даде 10 коша, а потфрли главниот адут Андреј Магдевски. Новиот член на Реал Мадрид постигна само 5 поени.
Повторно како и против Данска вчера, слаба ни беше реализацијата, а денеска особено потфрливме во ударот за 3 поени, со само 3 погодоци од 17 удари. Утре играме против Финска, во меч од четвртото коло во А групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.