Расфрлани шприцеви, игли, пивски шишиња, остатоци од храна, отпушоци од цигари на сите страни… Ова е еден од подрумите во старите руски згради во скопската населба Аеродром. Жителите од овие станбени објекти, речиси и не знаат што се случува во текот на ноќта – кога сите спијат, јавува ТВ Алфа. Дополнителен проблем е тоа што во близина се наоѓаат детски игралишта и нишалки, каде секојдневно има деца. Станарите се жалат дека од објектот се шири лоша миризба бидејќи се користи и како јавен нужник. Велат дека освен собиралиште на зависници, руинираните подруми се и извор на заразни болести.
Од општина Аеродром велат дека досега никој не пријавил за овој проблем. Градонасчалникот Ивица Коневски, вели дека иако општината не е надлежна за овој проблем, сепак екипи ќе излезат на терен со цел да ги заштитат граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)