| четврток, 6 декември 2018 |

Шприцеви, игли, шишиња – што се случува во подрумот во Аеродром

narkomansko duvloРасфрлани шприцеви, игли, пивски шишиња, остатоци од храна, отпушоци од цигари на сите страни… Ова е еден од подрумите во старите руски згради во скопската населба Аеродром. Жителите од овие станбени објекти, речиси и не знаат што се случува во текот на ноќта – кога сите спијат, јавува ТВ Алфа. Дополнителен проблем е тоа што во близина се наоѓаат детски игралишта и нишалки, каде секојдневно има деца. Станарите се жалат дека од објектот се шири лоша миризба бидејќи се користи и како јавен нужник. Велат дека освен собиралиште на зависници, руинираните подруми се и извор на заразни болести.
Од општина Аеродром велат дека досега никој не пријавил за овој проблем. Градонасчалникот Ивица Коневски, вели дека иако општината не е надлежна за овој проблем, сепак екипи ќе излезат на терен со цел да ги заштитат граѓаните.

 Инаку во Македонија на секои 18 часа има по еден нов корисник на дрога или по 500 годишно. Официјално бројот на зависници е меѓу 10.300 и 10.900, а според експертите, неофицијално тој број е до шест пати поголем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top