Хелен Томас, најстариот новинар известувач од Белата куќа, којашто кариерата ја започнала во времето на американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди, почина во саботата во 92-та година од животот, соопштени здружението на известувачите од Белата куќа. Поранешната претседателка на клубот Гридрон, Хелен Томас’, која беше и првата жена членка на клубот, очина во саботата наутро во својот до во Вашингтон по долго боледување”, се вели во соопштението што здружението го испратило до AFP.
Томас остана запаметена по тоа што на прес-конференциите на портпаролите на Белата куќа втренчено седеше во столицата којашто го носеше нејзиното име, што претставува вонредна повластица. Беше позната и по директните прашања и по нејзината отвореност.
Од Белата куќа започна да известува за новинската агенција UPI во 1960-те, во времето на претседателот Кенеди и на тоа работно место остана се до 2010 година кога замина во пензија по неколкуте контроверзни изјави.
Томас работеше во пулот на Белата куќа со десет американски претседатели, oд Џон Кенеди до актуелниот Барак Обама, прво за новинската агенција UPI, а потоа за Hearst Newspapers, компанијата којашто поседува голем број регионални весници. Во текот на кариерата Томас често ги менуваше американските медиум, владеењето на печатените медиуми ја замени со доминацијата на кабелска телевизија и интернет медиумите. Меѓутоа, Томас секогаш остануваше постојано подеднакво строга, понекогаш и изненадувачки остра во незините прашања на претставници на Белата куќа и лично на претседателите. Притоа, претседателите обично се однесува кон неа со особена почит. Така Роналд Реган беше интервјуиран од Томас кратко време по атентатот врз него во 1981 година, и Бил Клинтон и` поради во 1997 роденденска торта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тројца војници отстранети од должност во Белата куќа поради „несоодветен контакт со странки“
-
Едвај чекам да стекнам спомени во нашата нова куќа-ова е погледот од Белата куќа во кој уживаат новите станари!
-
Меланија попушти, влезе во Белата куќа (Фото)
-
Меланија конечно ја донесе одлуката на која долго се чекаше