| четврток, 6 декември 2018 |

Судот го отфрли барањето на Детроит за банкрот

Барањето за банкрот на американскиот град Детроит судот во Мичиген го отфрли. Имено, судот му нареди на Детроит да го повлече барањето за банкрот, со оглед дека неговото спроведување би можело да доведе до кршење на американскиот Устав и да ја загрози исплатата на пензиите и социјалните бенефиции.
Јавниот обвинител веднаш вложи жалба на одлуката на судот.
Некогашната престолнина на американската авто индустрија и најголемиот град во Мичиген, во кој кон средината на минатиот век навалуваа луѓе во потрага по работа, стана  најголем град во САД кој поднесе барање за прогласување на банкрот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top