| четврток, 6 декември 2018 |

Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ се отвора вечерва во КИЦ на Република Македонија во Софија

На 22 ноември (четврток) од 18:30 часот, во галеријата на КИЦ на Република Македонија во Софија ќе биде отворена изложбата „Мал формат“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Отворањето на изложбата е плод на соработка меѓу КИЦ на РМ во Софија и ДЛУМ. Оваа групна изложба ќе ги претстави делата на 48 автори – членови на ДЛУМ од цела Р. Македонија.

Со по едно дело во мал формат ќе се претстават авторите: Агрон Абдули, Александар Jaнкуловски Цане, Ана Ивановска, Ана Темкова, Ангел Димовски, Ангел Нацевски, Антонио Пирковски, Ацо Таневски, Благоjче Наумовски, Валентина Илиjевска, Вангел Стоjчевски, Весна Радишиќ Ацковска, Гроздан Крстевски, Дејан Иванов -Маргуш, Дијана Томиќ Радеска, Драган Верговски, Душан Георгиевски, Елена Ѓорѓиевска, Емилија Божиновска, Жаклина Глигориевска Кочоска,Златко Бојковски, Златко Глигоров, Златко Хаџи Пецов, Ивона Велковска, Игњат Шќекиќ, Илина Арсова, Jовица Миjaлковиќ, Катерина Таневска, Кирил Гегоски, Љупчо Боjaров, Маја Кировска, Мариja Светиева, Марина Цветановска Мартиновска, Мирослав Вељковиќ -Мишо, Наташа Андонова, Петра Јовановска , Предраг Јаневски, Росица Лазеска, Сара Длака, Сашо Ацковски, Симеон Арнаудов -Симе, Слободан Милошески, Срџан Миќиќ, Стефан Димовски, Стефан Хаџи-Николов, Тања Таневска, Филип Фидановски и Шќипе Мехмети.

“Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25 х 25 см. претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top