
Одлуката за притвор за Кирил Божиновски за кој има предмет од СЈО е политичка и одраз на тоа што власта е бесна па сега се осветува, вели Кристина Божиновска, сопруга на поранешниот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски.
За нас најголема енигма е како токму сега се носи ваква одлука, со оглед на тоа дека Кире се појавува на сите рочишта и почитува судски правила. Мислите дека Кире е спремен да ја напушти државата, своето семејство и дом кога станавме најсреќни родители на кои петгодишната желба и борба за дете ни се исполни, ја добивме ќерката Кира, а по една година и ќерката Дина.

И покрај тоа што две години му се вршеше политички прогон и му беа изнесени разни невистини и клевети кои го погодуваа, Кире никогаш не помисли да не остави сами и да се откаже од нас трите, бидејќи сите оние пријатели кои добро го познаваат, знаат каков човек е тој. Како и секој претходен ден, така и вчерашниот, неговите ќерки стоеа пред куќниот праг и го чекаа татичко да си дојде дома. Но, тој не се појави дома. Не постои ништо што може да ја избрише сликата кога полицијата упадна во нашиот дом утрото и го приведе Кире… За само момент хармонијата во нашиот топол дом исполнет со љубов, разбирање и детска смеа беше срушена.

Кире секогаш ми велеше „Не се секирај Кики, ке издржиме и ова ке помине“. Тој е силна личност и знам дека ќе издржи. Ќе издржиме и ние три. Но, не можам да премолчам или да замижам пред неправдата која му е нанесена на Кире и сметам дека е тажно ова што му се случува на моето семејство. Живеам за денот кога вистината ќе излезе на виделина и верувам во тоа дека правдата е бавна, но сепак достижна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се разведуваат Коки и Росана
-
Вида гол, во четири часот наутро и пее серенада на својата сопруга, ова е нејзината реакција (Видео)
-
Таа е сопруга на лидерот на Северна Кореја: Животот на првата дама скриен од јавноста!
-
Смртта ги смири, а таа го сакаше и кога не беше славен – Како Меси заврши со сопругата Антонела


