Прашките власти одлучиле од јавниот превоз во градот да бидат бркани сите бездомници кои неизмиени ќе сакаат да се возат. Градоначалникот Томаш Худечек објаснува дека главната цел е да се се натераат бездомниците да ја одржуваат личната хигиена која им се нуди во социјалните центри, доколку сакаат да се возат во средствата за јавен превоз во градот. Според планираното низ градот ќе бидат ангажирани посебни службеници и полицајци кои ќе имаат конкретни задачи за задржување на бездомниците.
– Тоа нема да биде евтин потег, но сметаме дека е тоа социопатолошки феномен кој требаше да се реши уште одамна, смета Худечек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.