| четврток, 6 декември 2018 |

Загина жена: Во обид да се стоплат, се запалија бездомници

Во обид да се стоплат, синоќа во Виена се запалиле бездомници, од кои една жена починала.

Портпаролот на виенската полиција, Томас Кајблингер, соопшти дека двајца бездомници со бензин се обиделе да запалат оган со цел да се стоплат.

– Утврдено е дека двете жртви непосредно пред несреќата купиле еден и пол литар бензин на една бензинска пумпа и го наточиле во шише за сок – објасни Кајблингер.

Кога интервентите сили дошле на местото на несреќата, двете лица биле во пламен.

Жената не можела да се спаси, а мажот е префрлен со возило на Брза помош во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top