Пари Сен Жермен и Монако продолжуваат со немилосрдното трошење пари за засилувања, а најновите трансфери повторно ќе повлечат огромни средства.
Монако го обезбеди Бразилецот Хулк од Зенит за сума од 60 милиони евра, па ќе создаде неверојатно добар квартет од поранешни играчи на Порто. Во „кнежевството“ веќе заминаа Радамел Фалкао, Џејмс Родригез и Жоа Мутињо, па сега им се приклучува и Хулк.
И Пари Сен Жермен не запира со скапите трансфери. Од Рома го купија Маркињос, а целиот трансфер ќе чини 35 милиони евра. И ПСЖ направи дрим-тим со ангажман на екстра-квалитетни засилувања, а на врвот е трансферот на Кавани од Наполи за сума од 64 милиони евра, што го чини Уругваецот најскапоплатен играч во историјата на францускиот фудбал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Саем за студии во Франција