| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во ноќен клуб: Пијан охриѓанец извадил нож, повредено едно лице

СВР Охрид соопштува дека во ноќен клуб на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, синоќа лицето Ф.А. (25) од Охрид влегол и извадил нож, по што почнал да вика.

-Тогаш В.Х.(43), одговорно лице во клубот, го оттргнал надвор пред објектот и се обидел да му го одземе ножот при што, бил повреден во показалецот од левата рака, се вели во соопштението од охридската полиција.

На В.Х. му е укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид.

Ф.А. е приведен во полициска станица и при извршено алкотестирање, кај него е констатирана голема количина алхохол во крвта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top