| четврток, 6 декември 2018 |

Маја Оџаклиевска: Мажите се за една употреба

Маја Оџаклиевска во едно интервју открила дека никогаш во животот не би трпела физичко малтретирање и потенцирала дека нешто што најмногу и пречи во врска е партнерот да ја омаловажува.

Мажите се за една употреба, кога ќе видиш дека нешто не штима, веднаш треба да му го свртиш грбот и да продолжиш напред. Чашата кога еднаш ќе се скрши, колку сакаш лепи ја, пак ќе се познава. Не можам да ги разберам оние жени кои трпат насилство од страна на партнерите, јас никогаш не би дозволила некој да се изживува со мене„, открила пејачката која еднаш се нашла во ситуација да биде сведок на вакво малтретирање, односно видела како соседот ја тепа сопругата и случајот веднаш го пријавила во полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top