| четврток, 6 декември 2018 |

Маја Оџаклиевска: Децата со хендикеп се најсакани!

Маја Оџаклиевска во едно интревју за српските медиуми си ја отворила душата и зборувала за внукот Лука кој боледува од аутизам. Пејачката рекла дека прави се што може за да му го олесни животот на својот миленик и додала дека се труди да му ги исполни сите желби.

“Јас сум добра баба, секој ден сум со Лука и тој има најмногу доверба во мене. Воглавно се трудам да му ги исполнам сите барања и желби, многу сме поврзани и сакам да се чувствува пријатно. Тешко ми е кога гледам дека пати, особено кога не знае да ми каже што му пречи”, открила Маја и додала дека Лука од аутизам заболел кога имал 2 години.

“Прва забележав дека има некои проблеми, па од тој момент сериозно му се посветив се со цел да му ги олеснам секојдневните препреки на кои наидува. Лука од аутизам се разболе на свои 2 години. Најпрвин тоа се манифестираше така што се криеше под маса, стол, сакаше да биде сам. За жал, уште не зборува и тоа ми паѓа најтешко. Меѓутоа, немоќна сум во оваа ситуација. Од друга страна, пресреќна сум што е дел од мојот живот и го доживувам како дар од бога”, потенцирала пејачката која секојдневно го носи малиот Лука на терапии.

“Мојата ќерка не знае баш најдобро како да се носи со оваа ситуација, пати и тоа многу. Пред некој ден го болеше забот, не знае да каже што му е, а ќерка ми не може да го разбере. Јас сум таа која го носи на терапии, знам дека е потребно многу време за да му биде подобро, но не се откажувам. Искрено се надевам дека еден ден ќе имам можност да разговарам со него, се борам и ќе продолжам да се борам се додека не се излечи. Ми дава надеж тоа што на пример пее со мене, не ги изговара зборовите, но мелодично ме следи. Разбира многу, интелигентен е, но не може да се изрази. Сепак, ние двајца функционираме супер и се разбираме. Некои велат дека внуците се сакаат повеќе од сопствените деца, а јас можам да додадам на тоа дека децата со хендикеп се сакаат најмногу”, заклучила Оџаклиевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top