| четврток, 6 декември 2018 |

Децата со хендикеп се сакаат најсилно – Маја Оџаклиевска проговори за внукот!

Познатата пејачка Маја Оџаклиевска ја отвори душата и опиша колку е врзана за внукот Лука, кој пред пет години се разболел од аутизам. Таа оттогаш не се одвојува од него, правејќи се да му го олесни животот.

Маја долго не зборуваше за проблемите кои ги има нејзиниот внук, седумгодишниот Лука, но сега многу често во јавноста ја потенцира болеста на Лука, со цел да покаже и докаже дека и децата со хендикеп можат да се сакаат, и тоа многу.
Маја интензивно работи со момчето, го води кај биоенергетичар и додава дека секој ден му е се подобро и подобро, но и дека е потребно многу време да му се посвети.

-Се надевам дека некогаш ќе можам да разговарам со него. Се борев и ќе се борам се додека не се излечи. Надеж ми дава тоа што потпевнува со мене. Не изговара зборови, но мелодиски ме следи. Многу работи разбира, исклучително интелигентно дете е, кое само не умее да се изрази. Но ние двајца одлично се разбираме. Сфаќа се што му зборувам, а често му повторувам: Ако не бидеш добар, ќе почнам да те бакнувам!А тој не сака да го бакнуваат. Кога велат дека внуците се сакаат повеќе од децата, јас велам дека тоа не е точно. Децата со хендикеп се сакаат најсилно! Секое внуче кое е здараво и право може да се препушти на родителите и да не мислите многу на него, а на децата кои не се здрави сакате да им помогнете и да направите се што можете – заклучува пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top