Популарната пејачка Маја Оџаклиевска признава дека не направила пластични операции, но не поради својот силен став, туку поради нешто друго…
-Што ми фали? Толку сум огнена и на овие години што ми беше срам да бидам црвенокоса. Секој ме доживува на свој начин, но мене не ме интересира тоа. Сакам секој миг да бидам растоварена од тоа кој што зборува и мисли за мене. Дигнав раце од се’ кога сфатив дека нема место за сите под Сонцето, како што беше порано- изјави пејачката.
Маја признава дека никогаш не направила некоја промена на телото од една многу интересна причина.
-Не можам да одам на затегнување на лицето затоа што се плашам. Се плашам од интервенции и од анестезија. И кај мене, како и кај секоја жена, постои одредена доза на суета, но уште пред десет години сфатив дека жена може да си дозволи да старее нормално. Сепак, секој што може да се разубавува, нека го прави тоа, немам нешто против- вели Маја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.