| четврток, 6 декември 2018 |

НБА: Џеј Ар Смит ќе одмара

27-годишниот кошаркар на Њујорк „Никс“ Џеј Ар Смит, поради повреда нема да ги почне подготовките со својата екипа

Тој деновиве го оперирал менискусот на левото колено и заздравувањето ќе трае околу четири месеци, објавија од службата за односи со јвноста на НБА тимот од Големото јаболко.

Минатата сезона беше навистина успешна за крилото на њујорчаните. На 81 натпревар во регуларниот дел од конкуренцијата во просек бележеше по 17,9 поени и по 5,2 скока.

JR-Smit-590x400

Ова беше доволно за да му ја донесе наградата за најдобар шестти играч во лигата и нов четиригодишен договор со таборот на „Никс“, вреден околу 24 милиони долари.

Од „Стејплс центарот“ уште и информацијата дека Мета Ворлд Пис одлучи да остане во најсилната лига на светот и кариерата ќе ја продолжи токму во Њујорк „Никс“.

Кошаркарот роден како Рон Артест на почетокот на јули добиодврзани раце од својот тогашен тим Лос Анџелес „Лејкерс“ да ја промени средината, а самиот тврдеше дека повеќе нема да настапува во НБА, туку најверојатно ќе замине во Кина.

Во врска со преселбата на далечниот исток дури се консултираше и со Јао Минг. Исто така, размислуваше целосно да го промени спортот и да заигра арена американски фудбал.

Како и да е, на крајот излезе дека „Светскиот мир“ ќе остане во Соединетите Американски Држави, само Пацификот ќе го замени со Атлантикот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top