| четврток, 6 декември 2018 |

Гаф на Адеми: Се пофали дека не трошел пари од Буџетот, но, наведени се трошоците до мај годинава, а Адеми е министер од 4 јуни

Министерот за култура Асаф Адеми на својот профил на Фејсбук се пофали дека не потрошол ништо за кафиња, ручеци, за хотелско сместување и за превоз. Адеми објави принтскрин од сајтот на Владата на Македонија, на албански јазик, преку Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции, пишува СДК.мк

Но, во алатката се наведени трошоците на функционерите до мај годинава, а Адеми е министер од 4 јуни.

На податоците од алатката се повикуваат и неговите служби во Министерството за култура кои принтскринот од нула трошоци го ставиле како илустрација и на официјалната страница. Под илустрацијата со нула трошоци сепак пишува „Министерот за култура Асаф Адеми за време на својот мандат од 01.06.2018 год до 01.11.2018 има остварено само две патувања во странство во Тирана и Франкфурт и притоа има користено само еден авионски билет во вреднос од 7.286 денари. Во текот на својот мандат нема замено аванс од денарска каса и нема направено трошоци во каса. Во репрезентација во бифе на министерство за култура за овој има направено само 2.565 денари“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top