Министерот за култура, Асаф Адеми денеска ја одржа првата прес-конференција откако стапи на функцијата. На средбата со новинарите тој информираше за идните активности кои ова министерство ќе ги спроведе како и за сите спроведени активности во 2018-та година.
-Во изминатиот месец, остваривме повеќе работни средби со претставници на дипломатскиот кор, со кои разговараме за идните проекти кои ќе ги реализираме заеднички во наредниот период. Во делот на инвестициите, согласно поставената динамика, се реализираат повеќе санации, реконструкции и адаптации на повеќе постојни објекти на националните установи низ Македонија. Буџетските средства за инвестициони работи за капиталните инвестиции за 2018 година изнесуваат 927.060.188,00 денари. Досега, процентот на реализација е 42%, a до крајот на буџетската година очекуваме истиот да достигне 90% од предвидените капитални проекти, рече министерот Адеми.
Во своето обраќање министерот Адеми истакна дека „состојбата во врска со реализацијата на 5 проекти за издавање на книги, од кои за 4 проекти во изминатиот период е доставена уредна документација за 83 книги, но од март/април 2017 година од страна на Министерството за култура не е направен прием на ниту една книга.“
-Причината за недоставените примероци е дека Министерството во своја сопственост има 770.000 примероци од испечатените наслови од капиталните издавачки проекти започнати од претходната Влада. Во моментов, дел од испечатените примероци се сместени во подрумите на Министерството, но и во подрумите и други помошни простории на 5 национални институции од културата. Со цел решавање на оваа ситуација, првиот чекор е побрзо дистрибуирање на испечатените примероци во подрумите. Во оваа насока, наскоро ќе биде доставена Информација на Влада со нови предлог – решенија за овие наталожени проблеми, каде ќе се предложи промена на одлуката на листата на институциите кои треба да ги добијат примероците од книгите, и ќе се вклучат оние кои што во претходните години не добивале примероци, рече Адеми.
Исто така министерот во своето обраќање нагласи дека ова е реформска влада, и Министерството за култура останувам посветено на реализација и исполнување на сите потребни реформи, согласно определбите на Националната стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 година и Акцискиот план за имплементација на Националната стратегија, усвоени во Собранието на РМ во мај оваа година. За таа цел се формирани 20 работни групи од надворешни стручни лица, при што за одделни суштински прашања за реформите во културата дел од нив веќе ја завршиле или ја привршуваат работата.
-Наша заложба и визија е Министерството за култура да им припаѓа на граѓаните, да ги исполни нивните очекувања и потреби и да им служи на културните институции и културните работници во земјата. Во таа насока, нашето залагање ќе биде, пред сѐ, за градење интеркултурно општество, за афирмација на автохтоните културни вредности, за културни проекти без никаква негативна селекција, за поддршка на веќе постоечките културни активности, како и за градење на други, кои ќе опстојат и по нашето заминување од ова министерство, а ќе бидат сведоштво за нашиот пристап за „култура подеднакво за сите, истакна министерот Адеми во своето обраќање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Гаф на Адеми: Се пофали дека не трошел пари од Буџетот, но, наведени се трошоците до мај годинава, а Адеми е министер од 4 јуни
-
Министерот за култура Асаф Адеми со претставници на филмски асоцијации говореше за клучните проблеми на филмските професионалци
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори