| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот за култура Асаф Адеми ги прими учесниците на Меѓународниот фолкорен фестивал „Скупи 2018“

Министерот за култура Асаф Адеми се сретна со претставници на културно уметничкото друштво „Каршиака“ кои се организатори на 12-тиот по ред Меѓународен фолклорен фестивал „Скупи 2018“,.

Станува збор за фестивал од  ревијален карактер кој е дел од Годишната програма на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес и на кој учествуваат фоклорни друштва од девет земји од регионот и светот: Мексико, Аргентина, Северен Кипар, Украина, Бугарија, Турција, Албанија, Косово и од Македонија. Во рамките на фестивалот учесниците кои се вистински репрезенти на фолклорот и традицијата на земјите од каде доаѓаат ќе одржат повеќе концерти во општина Сарај и на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. На средбата министерот Адеми на присутните им врачи пригодни подароци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top