| четврток, 6 декември 2018 |

Заев за „Аваз“: Постапката за промена на Уставот сѐ уште не е завршена

Одлуките на пратениците во Собранието за уставни измени ќе го забрзаат зачленувањето на Македонија во НАТО и во ЕУ, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за „Аваз“.
Заев нагласува дека постапката за промена на Уставот сѐ уште не е завршена, но оти се поминати некои важни фази од тој процес. Уверен е дека процесот за измени на Уставот, кои произлегуваат од Договорот од
Преспа, ќе биде заокружен со што на Македонија ѝ се отвора патот кон НАТО и ЕУ.
– Со тоа му испраќаме јасна порака на светот дека по децении судири во регионот на Западен Балкан тргнуваме по патот на стабилноста и напредокот. Пратениците во Собранието минатата недела ја создаваа
историјата на која ќе им честитаат идните генерации – вели Заев осврнувајќи се на двотретинската одлука во македонскиот законодавен дом за пристапување кон измена на Уставот.
Со историската одлука на пратениците, посочува македонскиот премиер, битно се забрзува интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ, а исходот на тој процес е јасен и предвидлив.
Во интервјуто за „Аваз“, Заев нагласува и дека одлуката за пристапување кон промена на Уставот е поддржана од пратеници на сите партии во Собранието, а меѓу нив и од двајца парламентарци на Бошњаците во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top