| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот за култура Асаф Адеми со претставници на филмски асоцијации говореше за клучните проблеми на филмските професионалци

 

Асоцијацијата на филмски професионалци и ТВ соработници на Македонија АФПМ, членка на УМПАКИ и Светската асоцијација на кретивни индистрии при УНЕСКО, Асоцијацијата на филмски дистрибутери на Македонија АФИДИ Скопје, членка на големата Интернационална федерација на асоцијации на филмски дистрибутери ФИАД и Здружението на филмски продуценти на Македонија МЗФП, член на Интернационална федерација на асоцијации на филмски продуценти ФИАПФ, преку свои претставници вчера остварија средба со министерот за култура Асаф Адеми во просториите на Министерството за култура.

На средбата беше разговарано за состојбите во филмската дејност и културата во Р. Македонија, а беа отворени повеќе прашања за клучни проблеми со кои се соочуваат филмските професионалци, продуценти и дистрибутерите.

Како меѓународно признати асоцијации и здруженија кои ги застапуваат правата на филмските професионалци, дистрибутери и продуценти во Р.М. претставниците побараа од министерот Адеми нивно вклучување во креирањето на културните политики во државата

Главен акцент беше ставен на најавениот нов Закон за филм кој што го изготвува и предлага министерството култура, кој што треба да ги одразува барањата на една нова културна политика на сите чинители во културата и надминување на клиентелизмот и партизацијата присутни во минатото.

Претставниците побараа во предлогот да се вградат и предлози и сугестии од асоцијациите за да овозможи подобро функционирање на филмската дејност.

Заедничка констатација на преставниците  на асоцијациите и на Министерството за култура беше дека  тие треба да се вклучат како рамноправен партнер со сите чинители кои допринесуваат во развојот на филм.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top