За време на викендот, ноќта меѓу 13 и 14 јули, извршена е тешка кражба во куќата на штипската пратеничка Билјана Казанџиска.
Според информациите од полицијата, кражбата се случила во периодот од 21 часот во саботата до 4 часот наутро, период во кој семејството присуствувало на свадбата на Маја, постарата ќерка на пратеничката.
Фото: Канал 77
Непознат сторител со употреба на сила ја исекол заштитната мрежа од прозорецот на купатилото, влегол внатре и извршил пребарување, по што одзел разновиден златен накит и 200 евра.
Полицијата трага по сторителот, а причинетата материјална штета допрва ќе се одредува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.