Кавгата за начинот на кој судиите им доделуваа бодови на двајца боксери во Индонезија се претвори во вистинска трагедија со 18 жртви и над 40 повредени. Во публиката се степаа навивачи од двата табори, а мнозинството од околу 1500 гледачи во обид да избегаат кон излезите од салата, направија стампедо во кое имаше многу жртви и повредени. Бокс-мечот се организирал во градот Набира на стадион на плажата Сендраваси, во областа Папуа.
Медиумите велат дека ниту војската и ниту полицијата, кои биле во салата, не успеале да воспостават ред во хаосот. И салата не ги исполнувала условите за организација на натпреварот бидејќи имало само два излеза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.