Во воздушни напади во Сирија оштетен е најпознатиот замок на крстоносците, Крак де Шевалиј. Познат и како Рицарска тврдина, бил едно од најзначајните места на болничарите за време на крстоносните војни.
На снимката се гледа дека дворецот е гранатиран повеќе пати. Околу дворецот се водат битки меѓу сириските сили и опозицијата.
Оние кои го снимаат авионскиот напад, го обвинуваат претседателот Ал Асад дека го бомбардира замокот.
Според УНЕСКО, замокот е изграден меѓу 1142 и 1271. Болничарите ја прошириле тврдината, подигнувајќи ѕидини и седум кули. Во внатрешноста била изградена огромна кула со готски стил. Од 2006 објектот бил вклучен во списокот на УНЕСКО, како еден од малкуте зачувани крстоносни замоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)