| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбардиран Крек де Шевалиј (видео)

замок

Во воздушни напади во Сирија оштетен е најпознатиот замок на крстоносците, Крак де Шевалиј. Познат и како Рицарска тврдина, бил  едно од најзначајните места на болничарите за време на крстоносните војни.
На снимката се гледа дека дворецот е гранатиран повеќе пати. Околу дворецот се водат битки меѓу сириските сили и опозицијата.
Оние кои го снимаат авионскиот напад, го обвинуваат претседателот Ал Асад дека го бомбардира замокот.
Според УНЕСКО, замокот е изграден меѓу 1142 и 1271. Болничарите ја прошириле тврдината, подигнувајќи ѕидини и седум кули. Во внатрешноста била изградена огромна кула со готски стил. Од 2006 објектот бил вклучен во списокот на УНЕСКО, како еден од малкуте зачувани крстоносни замоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top