| четврток, 6 декември 2018 |

Втора шанса за „избришаните“ винарници

vinariiВтора шанса на четирите винарници, избришани од Регистарот со  забрана за работа од две години, бидејќи не им го платија грозјето на лозарите. Тие ќе си ја вратат дозволата за работа ако во рок од 3 месеци достават комплетната документација и ако им го платат грозјето на лозарите. Всушност, ќе треба да платат по 10 проценти од сумата за која била избришана од регистарот под казна.

-Винарската визба која била избришана од Регистарот на производители на вино, а во меѓувреме ги подмирила сите обврски кон лозарите и сака повторно да изврши упис во регистарот ќе треба да поднесе барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопснство во кое ќе наведе дека ги исплатено сите неисплатени финансиски обврски кон лицата од кои има купено винско грозје во претходната година, во кои се вклучени сумата на основниот долг и казнена камата согласно Законот за облигациони односи за периодот од 30 април во тековната година до моментот на целосната исплата на обврската, пренесе Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата.

Се смета дека забраната ги дисциплинирала винарниците, па оттука одлуката да им се помогне.

-Измените на законот доаѓаат откако ги увидовме резултатите од бришењето од Регистарот на вино и сметаме дека дополнително ќе се регулира исплатата на лозарите“, додаде Ѓорѓиев.

Четирите винарници ја изгубија лиценца за работа минатиот месец, откако ги пробија сите рокови за исплата на откупеното грозје од лозарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top