| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба со дела од графичката колекција на МСУ

На 14 септември (петок), со почеток од 20.00 часот, во Музејот на современата уметност-Скопје, се отвора изложба со дела од графичката колекција на МСУ.

Графичката колекција на НУ МСУ, Скопје како најдоминантен сегмент во збирката на Музејот со над 2000 отпечатоци изработени во различни графички техники, го предизвика концептот преку издржана ликовно-естетска анализа на материјалот, односно преку публикација да се презентира ова културно наследство.
Поголем дел од графиките припаѓаат на меѓународната збирка на Музејот што е прогласена за културно наследство од особено значење.
Публикацијата ги опфаќа разновидните истражувања на уметниците и нивните индивидуални стремежи преку графичкиот ликовен израз, како и развојот на графичката уметност-широкиот дијапазон стилски определби што се движат во рамките на фигуративниот, нефигуративниот, апстрактните тенденции па сè до поп уметноста и концептуалниот дискурс што ќе се следи преку делата на авторите кои ја одбележале историјата на ликовната сцена во 20-от век (Ханс Хартунг, Виктор Вазарели, Андре Масон, Бернард Бифе, Ники Де Санфал, Георг Базелиц, Зоран Мушич, Џаспер Џонс, Сол ЛеВит…). Поради разновидноста на графичките техники застапени во колекцијата на МСУ, на крајот на оваа публикација ќе се направи преглед на графичките техники и нивните особини.

Куратор на изложбата е Благоја Варошанец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top