| четврток, 6 декември 2018 |

По средбата Самарас – Обама, Атина ќе се ангажира околу името

obama-samarasОфицијална Атина планира наесен поактивно да се занимава со прашањето за името на Македонија, изјавиле дипломатски извори за грчките медиуми, пренесува МИА од Атина.
Грчкиот премиер Андонис Самарас на 8 август во Вашингтон со американскиот претседател Барак Обама, меѓу другото, ќе разговара и за текот на преговорите со посредство на Метју Нимиц.
Весникот „То Вима“ додава дека средбата меѓу Самарас и Обама ќе се одржи неколку недели пред отворањето на сериозните национални прашања во врска со Кипар и името на Скопје.
Провладиниот „Катимерини“ потсетува дека Вашингтон е подготвен да се активира за решавање на кипарскиот проблем и прашањето за името на Македонија, додека Атина, и покрај своите објективни тешкотии предизвикани од економската ситуација,  е подготвена да игра улога на Блискиот Исток користејќи го новиот однос со Израел и нејзините традиционални врски со арапскиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top