| четврток, 6 декември 2018 |

Септември-месец на „Звуците на културата“ во Ѓорче Петров

Оваа година за првпат во општина Ѓорче Петров ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“ каде што учество ќе земат еминентни музички имиња од македонската поп естрада, како и електро, рок, џез и блуз изведувачи. Во склоп на програмата ќе има и спортски активности, како и многу интерактивни содржини.

Од  10-ти до 23-ти септември во општина Ѓорче Петров ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“ која првпат годинава за посетителите ќе понуди многу интересни, но и несекојдневни содржини од повеќе сфери и за сите возрасти.

Програмата која изобилува со културни, музички и спортски настани, стартува овој понеделник со отворање на спортската манифестација во мал фудбал Геге-куп која после долги години се враќа на игралиштето во основното училиште Страшо Пинџур. Воедно, во рамки на тие 10-тина дена предвидени за незаборавни моменти во Ѓорче Петров, на 20-ти септември ќе биде одбележан и патрониот празник на општината.

Македонски познати музички бендови и изведувачи, базар, културни и спортски игри, работилници за деца, театарски претстави, хуманитарна акција, кино-проекција на отворено, катче за вдомување и помош на бездомни животни, ракотворби, баскер перформанси, како и презентација на храна и пијалоци од локални производители е само дел од она што ќе може да се види и слушне во Ѓорче Петров во средината на месецов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top