Судскиот процес против глумецот Кевин Спејси, по тужбата за сексуален напад од 1992. година нема да биде покрената- одлучил окружниот тужител на Лос Aнгелес.
Случајот, во кој жртвата денес е возрасен маж, го презело обвинителството во април и оттогаш тој е разгледуван. Деталите за обвиненијата не се објавени, и обвинителот во вторникот објави дека случајот е застарен.
Спејси не бил достапен за коментар.
Инаку, последниот филм на двојниот Оскаровец, претрпел фијаско откако првиот викенд на прикажување од продажба на билети за кино „заработил” само 618 долари. „Клубот на милијардери” (Billionaire Boys Club) беше снимен во 2015. година според вистинска приказна, и говори а група млади мажи кои организираат клуб во осумдесеттите години од минатиот век со цел да се збогатат со измама.
Филмот е снимен пред скандалот со Спејси, кој глумел хомосексуалец кој е убиен откако измамил група луѓе.
Исто така, режисер Ридли Скот е нешто повеќе од еден месец пред премиерата на филмот “Сите пари во светот” (All The Money In The World) ги отстранил сите сцени снимени од Спејси, а неговата улога ја презел Кристофер Пламер.
По серијата тврдења дека тој сексуално малтретирал многу помлад колега, на Спејси, Netfliks му ја откажаа и соработката во хит серијата “House of Cards”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Американскиот актер нема дерман – нови обвиненија за сексуален напад против Кевин Спејси
-
Му се пуштал и на кралскиот зет – уште едно обвинување за Кевин Спејси!
-
Ридли Скот го „избриша “Кевин Спејси од веќе завршениот филм „Сите пари на светот“
-
Кевин Спејси сексуално го нападнал Хари Драјфус, додека татко му бил во другата соба