| четврток, 6 декември 2018 |

Му се пуштал и на кралскиот зет – уште едно обвинување за Кевин Спејси!

Американскиот актер Кевин Спејси е обвинет дека допирал и член на норвешката кралско семејство пред 10 години, пренесува “Индипендент”.

Обвиненијата се упатени од поранешниот зет на кралот на Норвешка, Ари Бен, според кого актерот посегнал и го зграпчил непристојно по концертот по повод доделувањето на Нобеловите награди во Осло во 2007 година.

-Ние направивме одличен разговор, седна веднаш до мене. По 5 минути тој рече: “Еј, да излеземе и да пушиме цигара”. И одеднаш неговите раце беа под масата, ме фаќаа за моите јајца – изјавил Ари за норвешкото локално радио P4.

Тој, исто така, рече дека се обидел деликатно да ја одбие поканата на Спејси.

-Се дефинирав себеси како дарежлив човек, но тоа беше малку повеќе – објасни Ари Бен, кој беше во брак со норвешката принцеза Марта Луиз 14 години пред да се разведат во 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top