| четврток, 6 декември 2018 |

Ридли Скот го „избриша “Кевин Спејси од веќе завршениот филм „Сите пари на светот“

Американскиот актер Кевин Спејси ќе биде избришан од веќе завршен холивудски филм по обвинувањата за сексуален напад на малолетник против него.

Неговата улога во „Сите пари на светот” на режисерот Ридли Скот треба да се преработи и неговите сцени повторно да се појават во филмот. Премиерата треба да биде на 22 декември.

Спејси, кој ја играше улогата на починатиот нафтен тајкун Жан Пол Гети, ќе го замени Кристофер Пламер.

Тој, исто така, беше отпуштен од хит-серијата „Куќа од карти“, а го напуштија и неговите агенција и публицист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top