Синот на холивудскиот актер и добитник на „Оскар” Ричард Драјфус, Хари Драјфус го обвини Кевин Спејси за сексуална злоупотреба. Хари Драјфус имал 18 години за време на инцидентот.
Во текст објавен во американскиот сајт Buzzfeed, тој го опишува актерот од „Куќа од карти” како сексуален предатор, кој се чувствувал „безбедно” да го злоупотребува него, бидејќи знаел дека младото момче „нема да каже ни збор “.
Драјфус укажува дека ова се случило во 2008 година. Во тоа време, неговиот татко Ричард Драјфус глумел во драма во режија на Спејси во Лондон. Хари го посетил својот татко за Божиќ и учествувал на проба во станот на Спејси, каде што бил само со неговиот татко. За тоа време тој двапати се обидел да го допре Хари, а третиот пат тоа го направил додека Ричард ги читал неговите редови.
– Не можев да сфатам што се случува – татко ми и јас играме љубовници во претставата, додека Кевин Спејси се обидува да ме заведе и сето тоа се случува во реалниот живот – пишува Хари.
Неговата приказна е уште едно обвинение против двократниот добитник на „Оскар”, вклучувајќи и од вработени од филмска екипа на серијата “Куќа од карти”, од каде тој беше отпуштен по пријавените поплаки.
Во моментов британската полиција води и истрага против Спејси во врска со обвиненијата против него, од кои некои за сексуална злоупотреба против малолетници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нема да се води судски процес против холивудскиот актер Кевин Спејси
-
Американскиот актер нема дерман – нови обвиненија за сексуален напад против Кевин Спејси
-
Му се пуштал и на кралскиот зет – уште едно обвинување за Кевин Спејси!
-
Ридли Скот го „избриша “Кевин Спејси од веќе завршениот филм „Сите пари на светот“


