Музејот на македонската борба – Скопје се приклучува во одбележувањето на јубилејот – 50 години од скопскиот земјотрес. Во просториите на музејот ќе биде изложена картофилско-филателистичка изложба од збирката на Бранислав Светозаревиќ. Збирката ги претставува најважните настани во Скопје пред земјотресот, за време на земјотресот, обновата на Скопје, Скопје – град на солидарноста и Скопје денес.
Изложбата ќе биде отворена во понеделник, 15 јули, во 10 часот во Музејот на македонската борба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.