Пари сен Жермен има проблем со вишок на квалитетни офанзивни играчи, а новиот тренер Лоран Блан ќе има слатки маки како да одбере, кој ќе игра од седумте напаѓачи што ги има на располагање. Богатите сопственици од Катар купуваа безмилосно, не штедејќи пари, па сега има вишок на вредност и на играчи кај „Светците“ од Париз.
Последна аквизиција е Едисон Кавани и тој сигурно ќе игра во нападот заедно со Златан Ибрахимовиќ. Што ќе прават останатите? Па кој како ќе се снајде, на шега известуваат француските медиуми. Лавеци, Пасторе, Моура, Менез и Гамеиро се одлични играчи, но ќе мода жестоко да се борат за едно или најмногу две места во стартната постава на ПСЖ, ако се знае дека Ибра и Кавани имаат загарантирана позиција. Сите имаат цврсти договори со ПСЖ и одлични плати, па тешко дека ќе заминат во други клубови. Единствено Гамеиро, кој беше платен 11 милиони евра, сака да замине, но ќе мора да се согласи на намалување на примањата, бидејќи нема заинтересирани што би ги прифатиле сегашните услови и пари што ги прима францускиот ас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Саем за студии во Франција