| четврток, 6 декември 2018 |

И Металург поразен и елиминиран

И Металург е елиминиран од настапите во квалификациите за пласман во Европа Лигата, исто како и Тетекс, со пораз на гостински терен од 0-1. Тимот од Автокоманда прими гол во 85. минута во Азербејџан кај Карабах и со вкупен резултат од 0-2 се прости од натпреварите на европската сцена.

Холандскиот интернационалец Лирој Џорџ беше прецизен во 85. минута за нова победа од 1-0 на Карабах. Истиот овој тим го елиминираше Металург во сезоната 2010/11 при дебито на скопјани на европската сцена, а тогаш во првиот натпревар беше 1-1, со пораз во реваншот на Металург од 1-4.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top