| четврток, 6 декември 2018 |

ЕЛЕМ изигрува полиција, бара увид во патните исправи на вработените

АД ЕЛЕМ на големо ги крши правата за заштита на личните податоци на своите вработени. Имено во оваа државна компанија, преку барање за достава на податоци на кое е потпишан директорот за правни и општи работи Ѓорѓи Михаилов, од вработените се бараат патни исправи на увид. Според она што е напишано во барањето, тоа се прави со цел да се направи увид дали за време на боледувањето лицето имало излез од државата, што според упатените го крши Законот за заштита на лични податоци. Барањето вакви податоци од компанија не е дозволливо, бидејќи не се знае за какви цели тие можат да бидат (зло)употребени.

-Како прво, доколку некој е на боледување, одговорен за тоа е лекарот кој го издал боледувањето. Со оглед на тоа дека матичниот лекар може да издаде боледување до 7 дена, ако боледувањето е подолго, пациентот мора боледувањето да го продолжи комисиски. Второ, можеби некој ако е болен има потреба да се лекува надвор од државата, што значи мора да има излез од неа – велат упатените.

Според нив дискутабилно е ова барање на управата на ЕЛЕМ, со оглед на тоа дека тие не можат да бараат вакви податоци, не се ниту полиција, ниту пак истражен орган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top