На 22 август (среда), 20 часот, во Музеј на град Скопје ќе се отвори изложба на Кирил Василев насловена Мостри на една случајност. Ќе бидат изложени дигитални принтови.
-Со сета своја безначајност, само постоењето бара потврда во со постоење и затоа сме сведоци на еден раскошен свет што го осознаваме откривајќи правила, наспроти неговата променлива природа. Сите движења и промени можат да имаат непредвидливи последици кои обично ги толкуваме како случајност и неред. За денешниот светоглед , постоењето е непредизвикан настан а животот зачнал случајно. Ако на битието му треба создавање тогаш каква е улогата на случајноста во тој чин? „Мостри на една случајност“ бара одговор на прашањето во едно парче случајни податоци што го користи како образец кој според три правила: умножи , собери, повтори… прави правилни градби кои даваат впечаток на промисла и наликуваат на уметничко дело. Количеството случајност во делот на градбата што не може да се сведе на по прости честички, влијае на сложеноста на обликот. Уредувањето мора да биде според правила бидејќи без нив би било како мајмуни да ги пишуваат собраните дела на Шекспир. Со сета своја безначајност, само-постоењето бара потврда во со-постоење и затоа сме сведоци на еден раскошен свет што го осознаваме откривајќи правила, наспроти неговата променлива природа. Сите движења и промени можат да имаат непредвидливи последици кои обично ги толкуваме како случајност и неред.
За денешниот светоглед , постоењето е непредизвикан настан а животот зачнал случајно. Ако на битието му треба создавање тогаш каква е улогата на случајноста во тој чин? “Мостри на една случајност “ бара одговор на прашањето во едно парче случајни податоци што го користи како образец кој според три правила: умножи , собери, повтори… прави правилни градби кои даваат впечаток на промисла и наликуваат на уметничко дело.
Количеството случајност во делот на градбата што не може да се сведе на попрости честички, влијае на сложеноста на обликот. Уредувањето мора да биде според правила, бидејќи без нив би било како мајмуни да ги пишуваат собраните дела на Шекспир, вели Кирил Василев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.