| четврток, 6 декември 2018 |

Без поткожни влакна и црвенило: Како до средено тело со брич

Ако во текот на овие врели денови сакате да ги покажете нозете во полн сјај, ќе морате почесто да го користите бричот. Наједноставен и најдостапен начин за секојдневно отстранување на влакната е бричењето, а за да ги избегнете вообичаените грешки што често резултираат со исекотини, иритации и врснати влакна, најдобро е да се придржувате со следните правила.

Направете пилинг на кожата пред бричење 

Со пилинг ќе се ослободите од мртвите клетки на кожата, кои можат да го затнат бричот и да го отежнат бричењето. Освен тоа, помали се шансите да се исечете. Изберете нежен пилинг или користете секојдневно гел за туширање со пилинг.

Секогаш користете гел или крем за бричење 

Сапунот или гелот за туширање нема адекватно да го замени кремот/гелот за бричење. Сапунот ќе ја исуши кожата, а производите наменети за бричење ќе ја хидрираат и ќе го олеснат бричењето. Ако немате при рака крем за бричење, послужете се со регенератор за коса.

Не бричете само половина нога 

Многу жени го прескокнуваат делот на  бутовите, што е голема грешка. Овој дел од вашето тело е еднакво важен како и другите делови на нозете, па од него треба да ги отстраните несаканите влакна.

А каков е бричот?

Пронаоѓањето соодветен брич е прв чекот до бричењето. Вистинскиот брич мора да има повеќе острици што значи дека нема да морате многу пати да го бричите истото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top