Познатите холивудски ѕвезди секогаш имаат совршен тен, но не благодарение на скапите козметички препарати, туку и на советите кои ги добиле од познатиот дерматолог.
Д-р Харолд Лансер е дерматолог кој се грижи за кожата на многу познати дами како Викторија Бекам, Ким Кардашијан, Бијонсе и многу други. Токму тој претставува 10 златни совети за нега на кожата по кои вашето лице ќе изгледа здраво и сјајно.
1. Спијте доволно бидејќи во текот на спиењето се забрзува производството на колаген.
2. Избегнувајте да се туширате со врела вода. Топлината ја суши кожата, затоа практикувајте туширање со млака вода.
3. Нанесувајте крема со заштитен фактор во текот на целиот ден.
4. Не заборавајте често да ги менувате навлаките на перниците, барем еднаш неделно.
5. Отстранувајте ја шминката секоја вечер. Редовно правете пилинг на лицето, макар и да е некој што ќе го подготвите во вашата кујна.
6. Консумирајте свежа храна, пред сè многу овошје и зеленчук.
7. Избегнувајте шеќер. Преголемото количество на шеќер во организмот доведува до воспаленија кои се одразуваат и на изгледот на кожата.
8. Не го допирајте лицето! Редовно чистете го мобилниот телефон бидејќи тој е најчесто во допир со вашата кожа.
9. Пијте доволно вода со цел вашата кожа да остане хидрирана и еластична.
10. Краставиците се одлична храна за кожата поради големиот процент на вода кои тие го содржат. Исто така, парчињата краставици се одлични за намалување на подочниците и освежување на кожата околу очите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.