Во март годинава, Б.В., син на оштетената со усмен меѓусебен договор се договорил со пријавената да се грижи и да ја чува неговата 84-годишна мајка која била болна од Паркинсонова болест и деменција и била тешко подвижна, а за сметка на тоа тој без надомест и овозможил да живее заедно со мајка му и се грижел финансиски за сите нејзини потреби, бидејќи пријавената немала сопствен дом и средства за егзистенција.
На 21 овој месец околу 00,30 часот на улица Димо Хаџи Димов, Б.В. преку поставениот видео надзор во станот на приземјето каде што живее неговата мајка Н.В. заедно со пријавената Ј.М., случајно забележал на снимката како пријавената физички ја малтретирала неговата мајка удирајќи ја со рацете по главата и телото, тегнејќи ја за косата, и туркајќи ја на креветот. Откако го видел тоа, Б.В. се симнал на долниот кат, го спречил натамошното насилство и што ја истерал пријавената од нивниот дом. Пријавената во повеќе наврати и во претходните месеци без повод и причина физички ја малтретирала оштетената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.