Иако отстранувањето на влакната со бричење се споменува како најмалку пожелно, многу жени се одлучуваат баш за оваа метода затоа што е брза, ефтина и не предизвикува болка. Жените своите бричеви ги користат главно додека скроз не се истрошат, иако веќе оддамна заслужиле да завршат во канта.
Секој пат кога се нервираме поради подраснатите влакна или исекотините после бричењето, се прашуваме дали е време да го фрлиме стариот брич. Бричот би требало да се менува после секои 5-10 тушрања (зависно од тоа колку често се бричите), што е отприлика еднаш неделно.
Секако, должината на трање на бричот се разликува од личност до личност. Сите оние кои се бричат секој ден или имаат посилни и густи влакна ќе забележат дека нивните жилети многу побрзо се трошат од оние кои се бричат секој втор ден. За да ги избегнете исекотините за време на бричењето, секогаш претходно нанесете гел или пена за бричење. Инаку, препораката на дерматолозите е да се користи брич со повеќе сечила.
Затоа штом забележите дека бричењето не оди лесно или дека на жилетот се појавуваат знаци на ’рѓа, без размислување фрлете го. Доколку почуствувате дека морате посилно да притиснете за време на бричењето, тоа исто така е знак дека е време да го замените бричот.
И еден совет за крај: за бричот што подолго да ви трае чувајте го подалеку од тушот или кадата. Секогаш добро измијте го после користење и оставете го да се исуши. Избричете се пред крај на туширањето, затоа што топлата вода ја омекнува кожата и подобро ја подготвува за жилетот. После бричењето задолжително намачкајте ја кожата со масло, крема или лосион за тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.