„Виз ер“ ја прекинува продажбата на билетите за две дестинации од Македонија, само осум дена откако Министерството за транспорт и врски ја прекина постапката за избор на авиокомпанија за субвенционирање, а на кој единствен понудувач беше оваа унгарска нискобуџетна компанија.
Од денеска не може да се закажува лет од Скопје до Барселона, подоцна од 26 октомври годинава и од Охрид до Лутон, Лондон подоцна од 24 октомври, објави порталот „ExYuAviation“.
Како што претходно беше објавено, „Виз ер“, ќе ги прекине летовите помеѓу Скопје и Ваксјо во јужна Шведска од средината на септември. Последниот лет помеѓу двата града ќе биде на 16 септември, по што продажбата на билети е прекината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.