| четврток, 6 декември 2018 |

„Виз ер“ воведува нов лет од Охрид до Лондон

виз ер

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ од 14 јуни годинава ќе воведе авиолинија од аеродромот во Охрид „Св.Апостол Павле“ до аеродромот Лутон во Лондон.  На  таа релација авиокомпанијата ќе оперира двапати неделно, во среда и во недела, со почетни цени на билетите од 1.499 денари.

– Денеска на наше задоволство го објавуваме новиот лет од аеродромот во Охрид. Пред помалку од 2 месеци ја објавивме нашата прва рута од Охрид кон Базел Мулхаус Фрајбург, а денеска додаваме и втора рута до Лондон Лутон во Велика Британија. Се надеваме дека нашите рути од Охрид кои ќе стартуваат ова лето ќе бидат добро прифатени од страна на потрошувачите, што би ни овозможило да воведеме нови ефтини летови од Македонија – изјави Ѓорѓу Абран, главен комерцијален директор на „Виз ер“.

Од македонските аеродорми „Виз ер“ нуди  21 линија до 9 држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top