Нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ во јуни и јули годинава ќе воведе нови директни линии од Скопје и Охрид до неколку европски градови.
Од скопскиот аеродром „Александар Велики“ директно ќе се патува до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен два пати неделно, а од аеродормот Св. Апостол Павле од Охрид, ќе има директен лет до Базел, исто така два пати неделно. Новите дестинации се согласно Договорот за финансиска поддршка за воведување нови авионски линии од аеродромите во Скопје и Охрид за периодот од 2015 до 2018 година, потпишан помеѓу Министерството за транспорт и врски и „Виз ер“.
Според Министерството за транспорт и врски, со воведување на новите дестинации се зголемуваат можностите за патување на македонските граѓани и посета на атрактивни локации што ги нудат овие градови во делот на туризмот, културните и спортски настани.
Покрај најавените шест нови дестинации, во изминатиот период преку проектот за доделување финансиска поддршка на нови авиолинии воведени се директни летови кон Малме, Базел, Милхаусен, Милано, Бергамо, Ајндховен, Дортмунд, Меминген, Минхен, Стокхолм, Гетеборг, ЛондонЛутон, Венеција, Франкфурт, Париз, Брисел, Келн и Рим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.