Претседателот на Косово Хашим Тачи во изјава за јавноста ги повика граѓаните и институциите на Косово да се воздржат од провокации и да го зачуваат мирот во овој многу важен период за Косово.
„Република Косово е посветена на постигнување историски, правно-обврзувачки договор, во рамки на последната фаза на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. За време на ова патување, неопходно за обезбедување долгорочен мир во регионот на Западен Балкан, Република Косово строго ќе се држи до ветувањато да ја сочува смиреноста и на ниту еден начин да не ја загрози целта за целосна нормализација на односите меѓу двете земји”, се вели во соопштението на претседателот на Косово.
Тој истакна дека институциите на Косово по формирањето на менаџерскиот тим, посветен на финализирање на работата за изработка на Статутот на Заедница на српски општини, врз основа на договорите постигнати во 2013 и 2015 година во Брисел меѓу Косово и Србија и Уставниот суд на Косово.
„Затоа, како претседателот на државата, ги повикувам сите граѓани, институции и партии кои се вклучени во овој процес, да се воздржат од провокации и да се зачува мирот во овој многу важен период за нашата земја”, се вели во соопштението на претседателот на Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба